Достапни линкови

Мицкоски: Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи економска обнова на земјата


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција презентираше дел од изборната програма на партијата. Тој најави дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во текот на еден мандат ќе обезбеди повисоки плати за 25 проценти, потоа зголемување на пензиите за 20 проценти, повеќе инвестиции, рамен данок кој ќе изнесува 8 проценти. Мицкоски вели дека партиската програма во основа ќе значи економска обнова основана на силни темели и правда.

„Ќе пораснат платите за минимум 25% во следните четири години. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во декември месец 2019-тата година. Се обврзуваме во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат во двата основа, порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите“ изјави Мицкоски.

XS
SM
MD
LG