Достапни линкови

Заев оптимист за законот за обвинителството


Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство, верувам дека до крајот на викендот Владата може да го пушти законот со прифатените забелешки и сугестии на сите пратенички групи, а Парламентот да ги искористи трите дена, понеделник, вторник и среда да го гласаме. Ова го изјави денеска поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој посочи дека разговарал со сите пратенички групи и дека се поприлично блиску и останува само да го видат конечното целосно решение за да се согласат.

„Апелирам до сите. Од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив. Имаме квалитетно законско решение. Внатре имаме фер и еднаков третман за сите“, изјави Заев.

Во однос на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за експертско решение за Законот за ЈО, Заев рече дека две години разговараат и нема ниту еден предлог и решение

„Експерти после две години? Па јас две години разговарам со господинот Мицкоски. Едно решение да дадоа, да видев едно решение да дадоа. Експертите им се сите на располагање. Две години поминаа. Па каква е сериозноста и пораката кон граѓаните. Несериозно
е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и таквото несериозно однесување ќе се докаже и на изборите“, изјави Заев.

Тој додаде дека нема да има поместување на датумот за изборите, но можно е само да има одложување на распуштањето на Парламентот.

XS
SM
MD
LG