Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Еко Клуб заработила 2 милиони евра од тендери


Јавно претпријатие за државни патишта, министерство за одбрана, министерство за здравство и многу други државни институции доделиле 60 договор за тендери на Еко Клуб Битола во вредност од 2 милиони евра, со што СДСМ покажува дека лицемерно се обидуваат да го префрлат скандалот на штета на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија од опозицијата. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прес конференција обвини дека на власта главна грижа е политиката и личниот интерес, а не чистиот воздух и здравјето.

„Каде е одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма која ја обвинуваат за сериозна вмешаност во криминал со труењето на граѓаните? Каде е одговорноста на Заев и во случајот со набавката и користењето на нафтен кокс за своите фирми, високо загадувачко гориво кое го користеле буквално фирмите каде што сопственици се Заеви. Имено од 9 компании кои користат нафтен кокс, 5 компании се поврзани со Зоран Заев,“ вели Арсовски.

Тој додаде дека овој скандал мора да има судска разрешница.

Шилегов со критика до надлежните институции за медицинскиот отпад

Инаку, претходно скопскиот градоначалник Петре Шилегов на прес конференција соопшти дека битолската фирма неправилно го селектирала и транспортирала медицинскиот отпад во Дрисла предизвикувајќи услови за загрозување на здравјето на луѓето. Во меѓувреме од министерството за надворешни работи соопштија дека биле известени оти е почната постапка за отповикување на почесниот конзул на Унгарија во Битола Сашо Јакимовски кој е сопственик на фирмата Еко Клуб. СДСМ на прес конференции посочуваа дека Јакимовски бил поврзан со претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG