Достапни линкови

Брнабиќ: Не сум сигурна за каков реципроцитет зборува Курти


Serbian Prime Minister Ana Brnabic gives a joint press conference with the German Chancellor (not in picture) at the Chancellery in Berlin on September 18, 2019. (Photo by AXEL SCHMIDT / AFP)

Соединетите американски држави никогаш досега немаа испратено појасна порака како сегашнава, дека е неопходно Приштина да ги укине таксите на стоките од Србија и БиХ. Ова го изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа истакна дека покрај амеирканскиот претставник Ричард Гренел, ваква порака испратиле и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Ова Брнабиќ го изјавила во телевизиско интервју, откако беше емитувано интервјуто со косовскиот премиер на РСЕ. Таа посочи дека Албин Курти како премиер ќе има поинаква одговорност за разлика од говорите што ги давал како опозиционер.

„Ова е одлично за Србите во Косово, за Албанците кои скапо ја платија цената на таа политичка одлука, добро е за целиот регион бидејќи ќе биде повлечена одлуката да се даде националност на бисквитите и млекото. Тоа е добар сигнал за иднината,“ изјави српската
премиерка

Осврнувајќи се на реципроцитетот што го споменува Курти во интервјуто за РСЕ за да бидат укинати таксите, Брнабиќ вели дека не е сигурна за каков реципроцитет станува збор.

XS
SM
MD
LG