Достапни линкови

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Кина порасна на 722


илустрација

Бројот на смртни случаи во Кина од коронавирусот порасна на 722, додека 34.546 луѓе се заболени, соопштија тамошните власти. Кинеската јавност е огорчена на владејачката Комунистичка партија која ја обвинуваат за смртта на лекарот кој уште во декември предупредуваше на новиот вирус. Комунистичката партија, по бурните реакции на јавноста поради смртта на 34-годишниот лекар Ли Венлианг, соопшти дека нејзиниот тим „целосно ќе ги истражи релевантните прашања кои ги поставува јавноста“.

Ли бил офтамолог, а со коронавирусот се заразил за време на лечење на пациент. Неговата смрт беше потврдена вчера наутро. Тој е еден од осумте лекари во Вухан, кој се обидуваше да ги предупреди колегите и останатите на новиот вирус, но владата одбиваше да го потврди тоа, а полицијата го натера да потпише изјава со која признава дека шири невистини.

Поголемиот број смртни случаи е забележан кај повозрасни луѓе со постојни здравствени проблеми, а експертите велат дека Ли, поради својата работа, зашто очните лекари седат многу блиски до пациентите, веројатно бил изложен на голема количина од вирусот.

XS
SM
MD
LG