Достапни линкови

Немири во Казахстан, најмалку 8 загинати


Најмалку 8 луѓе се убиени, а околу 40 се ранети во тепачка во серија судири во село во Казахстан, соопшти министерството за внатрешни работи.Казахстанскиот претседател КасимТокаев изјави дека полицијата и националната гарда ја имаат ситуацијата под контрола. Тој соопшти дека и наредил на Владата да преземе чекори за одржување на мирот и јавниот ред во селата.Дописниците на РСЕ од казахстанскиот сервис беа во погодените села од каде што известија дек многу од продавниците севандализирани и запалени во немирите.Според полициските податоци вкупно 47 луѓе се приведени, додека при насилствата оштетени се над 30 домови, 15 продавници и 20 автомобили.

XS
SM
MD
LG