Достапни линкови

Нарачките од Али Експрес „имуни“ на коронавирусот


Kontrola korona virusa u državama Zapadnog Balkana

Состојбата со коронавирусот не се одразува на обемот на нарачки од Кина, велат од Пошти на Македонија. Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот. И Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус.

„Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници“, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку Али експрес.

Според Светската здравствена организација, до вчера се регистрирани 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати. Во 27 други земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од коронавирусот.

XS
SM
MD
LG