Достапни линкови

РДФ отпадот увезен во Македонија ги задоволува европските стандарди


Илустрација- Цементарница УСЈЕ во Скопје.

Царинската управа денеска соопшти дека ги добиле резултатите од анализата на двете мостри од РДФ отпадот кој ги пратија на анализа волабораторија во Естонија и дека „испитаните параметри се во согласност со дозволените граници наведени во европскиот стандард за цврсти обновени горива“.

На 29 јануари Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа извршија вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со отпад (РДФ) од Италија. Камионите беа запрени на влез на граничниот премин Богородица и мострите од отпадот тогаш беа пратени на контрола во Естонија.

Сега, Царинската управа повикувајќи се на добиените анализи наведува дека отпадот ги задоволува европските стандарди.

XS
SM
MD
LG