Достапни линкови

Курти: Дијалогот со Србија нема да го запоставиме


Архивска фотографија- косовскиот премиер Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека дијалогот за решавање на споровите со Србија нема да доцни и да се запостави, но оти нема потреба ниту од брзање, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на посетата во Пеќ, каде што замина за да се запознае со последиците од невремето во тој регион, Курти рече дека приоритети на новата влада во моментов се изготвувањето на буџетот за 2020 година и владината програма.

„Не го запоставуваме дијалогот, не треба да одолговлекуваме за дијалог, но нема потреба ниту да се брзаме, изјави Курти.

За изборот на Мирослав Лајчак од Словачка, земја која не го признава Косово, за посредник на Европската унија во дијалогот меѓу Косово и Србија, новиот косовски премиер рече дека ќе има средби и со него и на тие средби ќе се претстават ставовите на Косово за заштита на државните интереси.

XS
SM
MD
LG