Достапни линкови

Партијата на Борисов нема да иницира и да поддржи импичмент на Радев


Комбо фотографија- бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот на Бугарија Бојко Борисов нема да иницира и да поддржи импичмент на бугарскиот претседател Румен Радев.

„Бугарија нема корист од војна меѓу институциите. Нема да инвестираме во политичко спротивставување“, изјави членот на Извршниот комитет на ГЕРБ, Томислав Дончев.

Претседателот и премиерот влегоа во јавен конфликт неодамна откако бугарското обвинителство отвори истрага за Радев поврзана со вработувањето на неговата сопруга.

Радев рече дека и официјално нема доверба во Владата, која не дејствува во интерес на бугарските граѓани, а Борисов возврати дека со него немаат никакви заеднички точки. Борисов рече и дека опасно било да го напаѓа обвинителството и затоа Радев си барал друг непријател.

XS
SM
MD
LG