Достапни линкови

Пленковиќ се надева дека Скопје ќе ги почне преговорите со ЕУ пред мај


Архивска фотографија- хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е многу важна за Хрватска. Се надевам дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ уште пред загребскиот самиот во мај. Ова доцна синоќа го кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, за време на средбата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, јави дописникот на МИА. Хрватска ќе има активна улога во напорите Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите час поскоро, додаде Пленковиќ.

Вицепремиерот Османи на средбата во Загреб лично му се заблагодари на Пленковиќ за неговиот ангажман во однос на проширувањето на ЕУ. Министерот за надворешни работи Димитров на Пленковиќ му кажал дека, според него, новата методологија за водење преговори со ЕУдава повеќе за оние кои ќе постигнат повеќе, а нуди помалку за оние кои нема да успеат да испорачаат доволно.

Во рамки на посетата на Хрватска, Османи и Димитров остварија средби и со министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, како и со претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања при Хрватскиот сабор, Миро Ковач и Домагој Иван Милошевиќ.

XS
SM
MD
LG