Достапни линкови

Преиспитување на резултатите од изборите во Ајова


Пит Бутиџиџ и Берни Сандерс

Шефот на американската Демократска партија Том Перез повика на преиспитување на резултатите од внатреапртиските избори за претседателски кандидат на таа партија што се одржаа во Ајова по појавата на грешки во објавените делумни резултати. Досега, според 97 насто од изброените гласови, се чини дека кандидатите Берни Сандерс и Пит Бутиџиџ се во мртва трка. Избори за претседателски кандидат на демократите ќе има во сите држави на САД, а следните се во Њу Хемпшир. Потоа демократите на конвенцијата во јули ќе одредат свој кандидат кој ќе му биде ривал на претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември.

XS
SM
MD
LG