Достапни линкови

Бугарија во чекалната на еврото


илустрација

Бугарскиот парламент ги усвои измените на законот за Централна банка во земјата со цел да го олесни пристапувањето кон „чекалната“ на еврозоната. Бугарија од 1999 година е со аранжман со Меѓународниот монетарен фонд, кој ја врзува нејзината национална валута - левот - кон еврото со фиксна стапка од 1,95. Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, ќе се обиде да му се придружи на механизмот на девизниот курс ERM2 - познат како „чекална“ на еврото во април, објави министерот за финансии Владислав Горанов. Прифатените правила предвидуваат дека, Централната банка на Бугарија ќе дозволи валутни флуктуации до 15 проценти над или под централната стапка. На Бугарија ќе и требаат најмалку две години да биде во механизмот пред да и биде дозволено да влезе во еврозоната. Минатиот месец, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, рече дека пристапувањето е можно до 2023.

XS
SM
MD
LG