Достапни линкови

Од грипот во Грција – 17 починати за една недела


илустрација

Во текот на сезонската епидемија на грип во текот на оваа зима во Грција починале 38 луѓе, а лекарите предупредуваат на важноста од вакцинирање. Сајтот „Прото тема“ пренесе дека во последнава недела во Грција имало 17 смртни случаи, како и тоа дека биле регистрирани над 50 нови случаи на тешко заболување што бара хоспитализација. Лекарите велат дека биле активни двата вида на грипот од типот А и оти тие се сметаат за смртоносни.

XS
SM
MD
LG