Достапни линкови

Вучиќ ја поддржа новата методологија на ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ со еврокомеасарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази поддршка за новата методологија за проширување на ЕУ. Според него, Србија може да има корист од предложениот план, кој ќе им овозможи на земјите-членки посилна улога во разговорите за пристапување.

„Моите симпатии се со новата методологија“, рече Вучиќ по средбата со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји во Белград.

Вархеји изјави дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од највисок приоритет. Доколку биде одобрена од земјите членки на ЕУ, новата методологија ќе се однесува на Албанија, БиХ, Косово и Македонија.


XS
SM
MD
LG