Достапни линкови

Грлиќ-Радман: Без одложување да се отворат преговорите со Северна Македонија


Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Загреб изјави дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија, а земјата заслужила да ги почне преговорите.

„Се надевам дека одлуката за отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија треба да се донесе час поскоро и без некакво понатамошно одложување. Хрватска се надева дека ваквата одлука ќе биде донесено за време на нашето претседавање со Унијата, а ние напорно ќе работиме тоа да се случи. Документот на Европската Комисија за новата методологија на водење преговори ја истакнува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, порача Грлиќ Радман.


XS
SM
MD
LG