Достапни линкови

Трамп: Нечесни и корумпирани луѓе стојат зад импичментот


Претседателот на САД, Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека преживеал „ужасно тешко искушение“ за време на неговиот импичмент и притоа порача дека она што му се случило не треба да се дозволи да продолжи понатаму. Трамп обвини дека „некои од најнечесните и корумпираните луѓе“ барале тој да биде отповикан преку измама.

„Тие направија се што е можно за да не уништат и толку лошо да ја повредат нашата нација“, рече Трамп.

Американскиот Сенат го ослободи Трамп од двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот, по историското двонеделно судење за негово отповикување. Сенатот со републиканско мнозинство гласаше 52 спрема 48 за ослободување на Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност и 53 спрема 47 да го ослободи од опструкцијата на Конгресот.

XS
SM
MD
LG