Достапни линкови

Три жртви од лошото време во Европа


Србија- патишта завеани со снег

Лошото време во централна и источна Европа зеде најмалку три животи. Силните ветрови и снежните виулици оставија блокирани патишта на Балканот, а повозрасен човек во Србија почина во заглавено возило. Полицијата го пронашла телото на мажот во возило заглавено на пат поради снегот, а спасиле околу 20 лица, меѓу кои пет деца. Во српската општина Црна трава е прогласена вонредна состојба откако поради снегот е отсечено местото во кое живеат околу 800 луѓе. Во Босна во неколку села нема струја, а во некои градови нема и вода. Од силните ветрови во Словачка загина дете откако врз него падна сообраќаен знак, а во Чешка загина маж откако врз неговото возило падна дрво. Слична е состојбата и во Романија, Хрватска и Бугарија каде што многу патишта се отсечени, а дел од сообраќајот во прекин.

XS
SM
MD
LG