Достапни линкови

Расте бројот на болни од грип во Македонија, 7150 заболени


Илустрација- вакцина против грип

Нови 2825 заболени од грип се регистрирани во изминатите седум дена, што е зголемување за над 75 проценти во однос на претходната седмица и за речиси двапати повеќе споредено со истиот период минатата година. Вкупниот број на заболени од грип се искачи на 7150, што е исто така за околу 70 проценти повеќе од истиот период лани. Најмногу заболени има во Струмица (околу 1300) и во Скопје (околу 1200), во Гостивар над 800. Смртен случај нема, но има тешко болни.

“И по интензитет, и по распространетост грипот во изминатата недела покажа екстензивен раст. Тоа и го очекувавме и најавивме дека во текот на наредните недели ќе расте, како и во останатите земји во Европа. Зголемување има за околу 30 отсто и во однос на просечната епидемиска крива за последните девет сезони“, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Додаде дека продолжува трендот на заболување најмногу кај лица на возраст од 34 до 65 години. Со исклучок на два мали града, Пробиштип и Демир Хисар, во целата држава има нови случаи на заболени.

XS
SM
MD
LG