Достапни линкови

Борел на средба со Помпео во Вашингтон


Џосеп Борел, новиот шеф за надворешна политика на ЕУ

Џосеп Борел, новиот шеф за надворешна политика на ЕУ, денеска и утре во Вашингтон ќе разговарасо американскиот државен секретар Мајк Помпео и високиот советник на Белата куќа Џаред Кушнер. И покрај поделбите околу Иран, Помпео, како што наведуваат посматрачите, се обидува да воспостави пријателските врски со новите лидери на Европската унија, вклучително и со Борел. „Овие состаноци ќе обезбедат можност за унапредување на дијалогот меѓу ЕУ и САД и треба да се фокусираат конкретно врз начините за зајакнување на трансатлантските односи“, се вели во соопштението на ЕУ.

XS
SM
MD
LG