Достапни линкови

ФБИ: Русија во информациска војна против САД


Шефот на Федералното истражно биро ФБИ, Кристофер Вреј

Шефот на Федералното истражно биро ФБИ, Кристофер Вреј изјави дека Русија спроведува операција за „информациско војување“ против САД пред претседателските избори во 2020 година, иако, како што додаде, не видел знаци дека Русите се обиделе да ја нарушат изборната инфраструктура. Тој во Судскиот комитет на Претставничкиот дом рече дека Москва користи тајна кампања на социјални медиуми за поделба на јавното мислење во САД и за искористување на разликите за да создаде раздор. Забелешките се во согласност со заклучоците на американските разузнавачки агенции дека Русија спроведувала слични операции за време на претседателската кампања во САД во 2016 година, тврдење кое Москва продолжува да го негира и покрај огромните докази дека го сторила тоа. Вреј рече дека сегашниот напор вклучува употреба на измислени идентитети, компјутерски ботови, објави на социјалните медиуми и дезинформации.

XS
SM
MD
LG