Достапни линкови

Белата куќа го поздрави неизгласувањето импичмент на Трамп


гласање во Сенатот

Белата куќа прогласи „целосна ослободување“ во „срамниот “ процесот за импичмент против претседателот Доналд Трамп откако тој очекувано беше ослободен од обвинениијата во Сенатот. Трамп за денеска најави и обраќање во врска со ова ова прашање. „Сенатот гласаше да ги отфрли неоснованите обвинувања за импичмент, а само политичките противници на Претседателот - сите демократи и еден неуспешен претседателски кандидат на Републиканците - гласаа за импичмент “, се вели во соопштението на Белата куќа. Сенаторите гласаа 52-48 за да го ослободат републиканскиот претседател од првото обвинување - злоупотреба на службената должност, при што само сенаторот од Јута, Мит Ромни, гласаше против Трамп. Гласањето за второто обвинување - опструирање на Конгресот беше 53 спрема 47 гласа. Ова беше очекувано, со оглед на тоа што беше потребно двотретинско мнозинство за да се осуди. Републиканците имаат 53 од 100 места во Сенатот.

XS
SM
MD
LG