Достапни линкови

Трамп ги повтори заложбите за завршување на војната во Авганистан


Архивска фотографија- претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот Доналд Трамп ја повтори својата интенција да ја заврши скоро дводецениската војна во Авганистан и да го намали бројот на американски војници во земјата. Трамп во своето обраќање до нацијата во Конгресот вчера рече дека не е работа на Соединетите Американски Држави да служат како агенција за спроведување на законот во други држави.

Американските војници се во Авганистан од 2001 година, а околу 14 000 се уште се во таа земја. Администрацијата на Трамп сака нивниот број да се намали на околу 9 000 војници како дел од мировен договор.

XS
SM
MD
LG