Достапни линкови

Бутиџиџ води на изборите за претседателски кандидат на Демократите во Ајова


Пит Бутиџиџ

Пит Бутиџиџ, поранешен градоначалник на Јужен Бенд во Индијана, има мало водство на внатрепартиските избори за претседателки кандидат на Демократската партија што се одржаа во Ајова. Со 62 насто од пребројаните гласови Бутиџиџ има скоро 27 насто, а потоа следува сенаторот Берни Сандерс со 25,1 процент, сенаторката Елизабет Ворен со 18,3 проценти и поранешниот потпретседател Џо Бајден со 15,6 проценти. Трката всушност е за тоа колку делегати ќе добие кандидатот од Демократска партија на националната партиска конвенција која треба да се одржи во јули годинава. 38 годишниот Бутиџиџ кој до пред една година беше непознат на национално ниво за првичниот резултат изјави дека претставува „зачудувачка победа“. Делумните резултати беа објавени 20 часа по затворањето на изборите во Ајова. Тоа беше поради, како што е наведено, „грешка во кодирањето“. Ајова доделува само 41 од 1.991 делегат потребни да се стане кандидат на демократите за Бела куќа, кој најверојатно ќе се соочи со републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 3 ноември.

XS
SM
MD
LG