Достапни линкови

ЕУ со нова методологија за проширување


Македонско знаме и знамето на ЕУ

Европската комисија денеска, како што е најавено, треба да ја објави својата ажурирана методологија за проширување на Европската унија. Деновиве француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален во Брисел изрази увереност дека методологијата што ќе ја објави Европската комисија ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Македонија и Албанија во март. Франција инсистира новата методологија да вклучува четири клучни принципи: реверзибилност, политичко управување со процесот, постепеност и конкретност. Според дипломатите во Брисел, овие барања на Париз ќе бидат задоволени. Земјите членки ќе треба во текот на следниот месец да ја прифатат оваа нова методологија и да решат дали дадат зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

XS
SM
MD
LG