Достапни линкови

Трамп во состојбата на нацијата го пофали американското „враќање“


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето трето обраќање за состојбата на нацијата ги пофали економските достигнувања и побара реизбор на претседателските избори годинава. „Работните места доживуваат бум, платите растат, сиромаштијата опаѓа, криминалот се намалува, довербата се зголемува и нашата земја е просперитетна и високо почитувана повторно“, рече Трамп кој 25 минути од неговото обраќање во Конгресот го искористи за податоци од економијата. Републиканците пред неговото обраќање, извикуваа „уште четири години“. Годинашното обраќање дојде во момент кога во Сенатот трае судењето за импичмент на Трамп, трето во историјата на САД, кое дополнително ги подели партиите во Конгресот.

XS
SM
MD
LG