Настаните на денот низ фотографии - 4 февруари 2020 година.
Од Дрисла до Брисел

1
МАКЕДОНИЈА - Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, наведоа дека дошле до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето на медицинскиот отпад во Скопје. Тие презентираа видеа и фотографии на кои, како што рекоа, се гледаат кучиња скитници како јадат човечки остатоци и крв во Дрисла, што потоа истекувало во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.

2
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговата парија ќе прифати закон за ЈО кој го подготвиле професори од Правен факултет и ги наброја и професорите кои според него треба да го подготват законот: Владо Камбовски, Гордана Сиљановска- Давкова, Гордан Калајџиев, Никола Тупанчевски,Татјана Каракамишева - Јовановска и Гордана Лажетиќ - Бужаровска.

3
МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се заканувало на доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.

4
БУГАРИЈА - Со претседателот Румен Радев немаме никакви заеднички точки, освен бесмислените консултативни совети, каде никогаш ништо не се реши. Претседателот всушност ќе ми ја олесни работата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако во обраќањето кон нацијата шефот на државата кажа дека ја изгубил довербата во владата, пренесе БГНЕС.