Достапни линкови

Кина призна недостатоци во справувањето со коронавирусот


Кина- медицински лица ги носат болните во новоизградената болница во Вухан, 04.02.2020

Раководството на Кина објави дека има недостатоци во одговорот на државата на новиот смртоносен респираторен вирус додека бројот на починати во земјата се искачи на 425 лица.

Националната комисија за здравство денеска соопшти дека претходниот имало нови 64 починати и 3 235 нови заболени со што вкупната бројка достигна 20 438. Во меѓувреме и во Хонг Конг едно лице почина од коронавирус. Епидемијата, за која Светската здравствена организација прогласи вонредни мерки, се верува дека избувна во кинеската провинција Хубеи во декември на пазар на кој се продаваа диви животни.

Кинеското политбиро на вчерашниот состанок заклучи дека националното управување во итни ситуации мора да се подобри и најави засилени контроли и затворање на пазарите за диви животни.

XS
SM
MD
LG