Достапни линкови

Руска фирма бара од Ле Пен да и го врати заемот од речиси 11 милиони долари


Архивска фотографија- лидерката на француската крајно десничарска партија Мари Ле Пен

Руска компанија за производство на делови за авиони ја тужи француската крајно десничарска партија на Мари Ле Пен со барање да и го врати заемот од 10,8 милиони американски долари кои и ги дала во 2014 година за изборната кампања во Франција. Првото рочиште за случајот е закажано за втори јуни во судот за арбитража во Москва, јави вчера рускиот истражувачки портал „Опен медија“.Ле Пен не ги крие симпатиите кон рускиот претседател Владимир Путин и ја посети Москва неколку пати. Таа ги критикува западните санкции кон Русија воспоставени поради нелегалната анексија на украинскиот кримски полуостров и ги поддржува сепаратистите во источна Украина.

Московската „Прва чешко-руска банка“ и дала заем на партијата на Ле Пен Национален фронт во септември 2014 година. Банката подоцна се преименувала и ја сменила дејноста.

Одговорниот за финансии во партијата на Ле Пен, Валеранд де Саинт Џустза РСЕ вели дека парите ги земале од таму оти француските и европските банки одбивале да дадат пари за Национален фронт. Истовремено кога заемот беше даден, критичарите ја обвинија Ле Пен дека лобира за политиките на Кремљ во Франција. Саинт Џуст, пак, инсистира дека договорот со банката нема никаква врска со политиките на Путин.

XS
SM
MD
LG