Достапни линкови

Обвинение за лице кое на Фејсбук му се заканувало на Заев со убиство


Архивска фотографија- Јавно обвинителство на Република Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се заканувало на доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.

Обвинетиот кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.

„Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години“, се појаснува во соопштението од ЈО.

XS
SM
MD
LG