Достапни линкови

Партиски средби за законот за јавно обвинителство


Архивска фотографија- собраниска средба за законот за Јавно обвинителство

Во текот на денов ќе продолжат билатерални средби со претставниците на пратеничките групи на кои се разгледуваат нивните амандмани за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Од Министерството информираат дека целта на тие средби е обезбедување консензус и двотретинско мнозинство.

Законот за јавно обвинителство бил тема и на сребата на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс.

„Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење“, напиша на својот Твитер профил Брнс.

По последната средба на работната група во петокот, некои пратенички групи викендов доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот.

XS
SM
MD
LG