Достапни линкови

Курти: го остваривме она што изгледаше невозможно


Премиерот на Косово Албин Курти

Премиерот на Косово Албин Курти изјави по преземањето на должноста претседател на владата дека се отвора ново поглавие на Косово и оти било остварено она што било невозможно. „Ни движењето Самоопределување, ни Демократскиот сојуз на Косово не победија. Победија граѓаните. Сите сме заменливи. Од денеска јас ќе бидам премиер на сите, без оглед на тоа како сте гласале“, рече Курти, ветувајќи дека завршува стариот начин на водење политика. Новата влада на Косово беше изгласана во парламентот неколку месеци по изборите, поради несогалсување меѓу партиите за тоа од која партија да биде идниот претседател на Косово.

XS
SM
MD
LG