Достапни линкови

Расте бројот на починати од коронавирусот во Кина


Кинеските власти признаа дека имаат проблеми во одговорот на смртоносниот коронавирус и оти бројот на починати изнесува 425 луѓе. Во истовреме пораснал и бројот на инфицираните и сега има над 20.000. Епидемијата што во минатата недела ја прогласи Светската здравствена организација се верува дека се појавила во декември на пазарот за диви животни во Вухан. Дваесет и три земји досега пријавија околу 150 потврдени случаи на заразени со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG