Достапни линкови

Обраќање на Трамп за состојбата на нацијата


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да го одржи неговото обраќање во Конгресот за состојбата на нацијата. Тоа ќе биде последно обраќање во неговиот сегашен четиригодишен мандат. Претседателот Трамп изјави дека сака да го одржи обраќањето иако трае судењето за негов импичмент, наведувајќи дека тоа е „многу важно за она што го работи“. Се очекува тој повторно да повика на обединување на нацијата. Инаку судскиот процес за негов импичмент започна на 21 јануари.

XS
SM
MD
LG