Достапни линкови

Демократите во САД ги почнаа изборите за кандидат за претседател


поранешниот потпретседател на САД Џозеф Бајден

Американската Демократска партија ги почна повеќемесечните внатрепартиски избори на кои ќе биде определен нејзиниот претседателски кандидат кој ќе му се спротивстави на претседателот Доналд Трамп. Во трката за изборите на 3 ноември годинава останаа уште 11 политичари, а за фаворити важат поранешниот потпретседател на САД, 77- годишниот Џозеф Бајден, 78 годишниот сенатор од Вермонт Берни Сандерс, сенаторката од Масачусетс, 70- годишната Елизабет Ворен и 38- годишниот Пит Бутиџиџ.

Внатрепартиските избори почнаа во Ајова и ќе траат до 6 јуни, по што кон средината на јули на Демократската национална конвенција ќе бидат избрани кандидатите за претседател и потпретседател.

XS
SM
MD
LG