Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе биде од минус три до три, а дневната од девет до 20 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу еден, а дневната ќе достигне до 16 степени.

XS
SM
MD
LG