Настаните на денот низ фотографии - 3 февруари 2020 година.
Од Монструм до Корона

1
МАКЕДОНИЈА - Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добрила Кацарска во предметот Империја, изјави претседателот на Советот Киро Здравев. Тој потврди дека на 31 јануари до нив е испратено барање од Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет.

2
МАКЕДОНИЈА - Не поседувам ниту сум видел било какви докази за инволвираност на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски во случајот Смилковско езеро, изјави доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на прашање поставено од родител на едно од убиените момчиња на рочиште за случајот Монструм, во кој тој се појави како сведок.

3
РУСИЈА - Официјален Кремљ соопшти дека, ако се неопходни, можно е да се организираат разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако двете сили се судрија по турската воена акција во која турските сили убија десетици сириски владини војници кои се поддржани од Русија.

4
САД - Соединетите Американски Држави планираат повеќе летови за да ги донесат американските државјани од кинеската провинција Хубеи во земјата, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.