Достапни линкови

Вести

САД ја забрзуваат евакуацијата на своите државјани од Кина

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео

Соединетите Американски Држави планираат повеќе летови за да ги донесат американските државјани од кинеската провинција Хубеи во земјата, рече денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео. Таа кинеска провинција е најпогодена од коронавирусот. Помпео ова го изјави за време на посетата на Узбекистан. Во меѓувреме, во Кина заврши десет дневната градба на новата болница во која ќе бидат сместени заболените од коронавирусот.

Во објектот во кој има 1000 легла почнаа да се сместуваат и првите пациенти од Вухан, градот епицентар на болеста од која досега починаа 362 лица, а 17 300 се заболени.

Следната болница која ќе има капацитет од 1500 легла ќе биде отворена неделава. Покрај во Кина, коронавирусот е потврден и во 24 други земји.

види ги сите денешни вести

Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски

Поранешниот министер за култура и пратеник Благоја Стефановски Баге

Во Битола на 67-годишна возраст почина поранешниот македонски министер за култура, во еден мандат пратеник и долги години директор на Битолскиот театар, Благоја Стефановски – Баге.

Зад Стефановски стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА.

Благоја Стефановски – Баге е добитник на бројни признанија и награди, а последнота беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата за животно дело.

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред МНР, правда и владата

Скопје- ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Министерството за надворешни работи поради преговорите на македонската со бугарската власт поврзани со историјата, 03.12.2020

ВМРО-ДПМНЕ попладнево на три места, пред Министерството за надворешни работи, Министерството за правда и пред Владата одржа протест под мотото “Оставка на Заев, слобода на народот“. Пред министерството за надворешни работи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека премиерот Зоран Заев немал мандат да ја брише историјата.

„Овој собир не е против ниту една соседна држава, туку е против Заев и неговата екипа кои ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои. Заев нема мандат да ја брише историјата и да ја пишува тој како што сака. На ова мора да се стави крај час поскоро“, рече Мизрахи.

Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев дека додека тој ги обвинувал нив за лажен патриотизам, а соопштувал дека ќе се менуваат учебниците по историја согласно како што вели бугарските желби.

„Лажливецот Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ. Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија. Лажливецот Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа“, наведе Мицкоски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ почна да организира протести од минатата недела, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС кое поттикна лавина реакции. Во него Заев рече дека имаме заедничка, а не споделена историја, дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, дека Југославија не разделуваше, дека Бугарија не е фашизам, туку наш пријател, а дека имало некоја администрација во почетокот, а оти потоа Бугарија се дигнала заедно со антифашизмот.

Во Грција сто починати од Ковид 19 за 24 часа

Архивска фотографија- луѓе во скафандери носат ковчег на починат од Ковид19, Грција

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 111.537 заразени и 2.706 починати од Ковид-19.

Нови 1342 заразени со Ковид-19, 22 починати

Архивска фотографија- Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новодијагностицирани пациенти во Скопје се 479, Прилеп 84, Битола 83, Гостивар 63, Велес 59, Тетово 58, Куманово и Струга по 52, Охрид 49, Штип 45, Кавадарци 42, Гевгелија и Кочани по 33, Кичево 31, Струмица 29, Делчево 22, Дебар 20, Неготино 18, Свети Николе и Ресен по 13, Крива Паланка и Радовиш по 12, Пробиштип-10 и неколу други градови кои имаат едноцифрен број новозаболени.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ со заеднички меморандум- Македонски манифест

Архивска фотографија- зградата на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска излегоа со заеднички став за како што наведуваат апсурдните барања од Бугарија во кој ги охрабруваат претседателот, премиерот, Собранието и другите фактори да почитуваат неколку постулати.

Овие институции бараат преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ, да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности.

„Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто : македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови)“, наведуваат од МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ.

За македонскиот идентитет од трите институции наведуваат дека тој го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

„Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам. Историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка, повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклучително и на Републиката", се наведува во манифестот.

Апелираат процесот за евроинтеграција да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република.

Владата подготвена да ги објави записниците за петте историски личности за кои е договорено заедничко чествување со Бугарија

Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата е подготвена да ги објави записниците за историските личности чие заедничко чествување досега договори македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања.


„Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на фотонапонска централа во Неготино.

Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и други решенија, затоа што, преку тие решенија, како што рече, го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Инаку денеска и утре заедничката Комисија ја одржува 11 средба, овојпат онлајн, поради пандемијата со коронавирусот. На средбата се разговара за револуционерот Гоце Делчев, евентуалното негово заедничко чествување и македонските учебници за перидот среден век и ран османлиски период. Претходно, комисијата ги помина бугарските учебници за тој период.

Јурова- ЕУ бара начин за санкции за создавачите на дезинформации и лажни вести

Архивска фотографија- Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова рече дека извршното тело на Европската унија ќе предложи санкции за оние кои шират дезинформации и лажни вести за тие да ја „платат цената“. Јурова во интервју за Радио Слободна Европа вели дека блокот мора да се спротистави на ширењето на дезинформациите.

“Создавачите на дезинформациите не плаќаат никаква цена за тоа. Јас мислам дека тоа не може да помине без да платат и затоа ние бараме начин како да се воспостават санкции“ вели Јурова.

Потпретседателката додава и дека тие ќе се обидат да се справат и со надворешното влијание и надворешните актери. Јурова вели и дека санкциите треба да го следат европскиот режим за казни за сајбер криминал кој беше првпат употребен оваа година за замрзнување на средствата и забрана за визи за прекршителите, претежно државјани и компании од Русија, Кина и Северна Кореја.

Во Србија 7802 новозаразени, 61 починат

Србија- медицински лица изнесуваат пацинет заболен со Ковид19

Во Србија, во последните 24 часа, се потврдени 7.802 нови случаи на коронавирус, а 61 лице починало. На апарати за дишење се 288 лица, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Во тој период се тестирани 22.243 луѓе, а хоспитализирани се 7.726 лица, објавено е на веб-страницата Covid-19.rs.
Досега во Србија биле заразени 199.158 лица, од кои 1.765 починале. Тестирани се вкупно 1.844.731 граѓани.

Заев: Има напредок на историската Комисија, а за идентитетот и јазикот гарантирам дека не се преговара

Зоран Заев

На денешната средба на Комисијата за историски прашања е постигнат напредок. Свесни сме дека разговорите со Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека деновиве се прават напори да се изнајде решение.

„Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски“, изјави премиерот.

Премиерот повтори дека грижата за националните интереси е секогаш добредојдена, но дека гарантира дека не се преговара за идентитетот и јазикот, бидејќи тоа е право на самоопределување и додаде дека на денешната средба на Комисијата за историски прашања е постигнат напредок, а во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања. За ставот на опозицијата и односот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Заев рече дека „тоа што го прават лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и душегрижниците, го прават од потреба за доаѓање на власт и ништо друго“.

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата е стара ракета

Илустрација

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денес астрономите на НАСА. Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА во Калифорнија, јави АП.

Кога бил откриен во септември, се верувало дека објектот е астероид, но еден од главните експерти на НАСА, Пол Ходас, брзо се посомневал дека станува збор за ракета „Кентаур“ од мисијата „Сарвејор 2“, која беше прогласена за неуспешна во 1966 година, откако не успеа да слета на Месечината. Кентаурот е долг десет метри и има дијаметар од три метри.

Тврдењето на Ходас се покажа како точно кога тим од Универзитетот во Аризона, предводен од Вишну Реди, користеше инфрацрвен телескоп од Хаваи за да го разгледа мистериозниот предмет. Кентаурот орбитира околу 50.000 километри од земјата. Ќе ја напушти орбитата во март и ќе се врати да кружи околу Снцето, а неговото следно враќање се предвидува во 2036 година, објави АП.

Македонија и Британија склучија спогодба за партнерство и трговија

Бујар Османи и Рајчел Галовеј на потпишувањето на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу С. Македонија и Британија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рајчел Галовеј, ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на свечена церемонија организирана по тој повод.

„Договорот значи потенцијал за бизнисите да ја зголемат економската активност меѓу двете земји, тоа ќе значи потенцијал и за останатите бизниси да оформат нови релации на соработка ослободени од бариерите на границите; ова е потенцијал и за нови британски инвестиции овде во Северна Македонија, за нови работни места, за поголема активност и на домашните компании и секако, потенцијал за севкупен економски напредок што претставува круна на одличните односи меѓу двете земји”, рече Османи.

За време на церемонијата на потпишување на Спогодбата, свое обраќање имаше и амбасадорката Рејчел Галовеј, а преку видео-линк се обрати и Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на британскиот премиер Борис Џонсон.

ССМ: Предлогот од МТСП не е во прилог на „недела неработен ден“

Архивска фотографија од прес-конференција на ССМ

Предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена за неработен ден, реагираше денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во реакцијата од ССМ се наведува дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика е во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да работат во недела, а не да се утврди правото неделата да е неработен ден. Сметаат дека евентуалните исклучоци од правото недела да биде неработен ден, треба да се уредат во Законот за работни односи како базичен закон, врз основа на анализа за тоа во кои дејности мора да има контиуниран процес на работа.

„Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да имаат право на зголемување на основната плата по час најмалку за дополнителни 50 проценти за работа во недела, како и право на слободен ден во текот на неделата“, велат од ССМ.

Ангелов: Имаме две кризни состојби, Ковид и мигрантите

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

Во овој момент во земјава имаме две кризни состојби, едната е со ковид-19. Во тек е првиот месец и ќе биде продолжена уште шест месеци. Втората кризна состојба не е на целата територија, туку само на јужната и северната граница и е поврзана со мигрантите, со нивниот влез и транспорт низ Северна Македонија, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Мигрантите, покрај безбедносниот ризик, внесуваат и зараза. Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен ковид-19 зашто тие таму немаат никакви услови, посебно не хигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивниот трансфер, влез и движење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на пандемијата“, рече Ангелов.

На прашањето дали има притисок на јужната граница, тој одговори дека располага со информации, но тоа е надвор, како што истакна, од она што смее да го каже.

Трамп со ново видео во кое без докази обвинува за изборна измама

Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави видео во должина од 46 минути со кое ги рециклира своите неосновани тврдења за измама на гласачите на изборите што ги загуби минатиот месец од противкандидатот на демократите Џо Бајден. На видеото, објавено на Фејсбук доцна на 2 декември, Трамп го нарече говорот можеби „најважниот што некогаш сум го направил“, бидејќи тој сугерираше дека Врховниот суд треба „да го направи она што е во ред за нашата земја“ и да го поништи резултатот.

Стоејќи зад говорница со претседателскиот печат, 74-годишниот Трамп ги доведе во прашање резултатите што покажаа дека Бајден зеде рекордни 81 милиони гласови на изборите, 7 милиони повеќе отколку што беа дадени за него, уште еднаш нарекувајќи ги „наместени избори“, иако членови на неговата администрација, вклучително и блискиот сојузник, државниот обвинител Вилијам Бар, постојано изјавуваат дека нема доказ за широко распространета измама на гласачите.

Додека Фејсбук и Твитер, каде Трамп објави врска до видеото, ги етикетираа објавите како проблематични, стотици илјади негови поддржувачи го „лајкуваа“ видеото.

49 нови пациенти за 24 часа во скопските ковид центри

Илустрација - Еден од Ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти, соопшти МЗ.

Битолскиот и софискиот универзитет заедно го чествуваат Св. Климент

Илустрација - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Универзитетите од Софија и Битола, во рамки на заедничкото празнување на св. Климент Охридски, денеска почнаа заедничка научна конференција на тема „Димензиите на компетенциите“.

Како што соопшти Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО), конференцијата ја отворија министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за образование на Бугарија Тања Михајлова, ректорот на Софискиот универзитет проф. д-р Анастас Герджиков и проректорот на УКЛО – проф.д-р Марјан Ѓуровски, а учествуваат професори од двете земји со трудови и истражувања.

Конференцијата ќе резултира со издавање заеднички зборник на трудови, за што е формиран заеднички научен, програмски и организациски комитет. Во обраќањето на свеченото отворање, информира УКЛО, министерката Царовска го поздрави заедничкото празнување на св. Климент Охридски и нагласи дека е добар знак за нас и за нашита два универзитета што во духот на европските вредности за партнерство, за поврзување и низ нов академски дискурс тежиштето е ставено на квалитетна меѓусебна соработка.

Битиќи претстави платформа „За татковината со љубов“

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека вчера, заедно со 20-тина водечки економски експерти во земјава од повеќе различни области, бил одржан првиот иницијален состанок од платформата „За татковината со љубов“ чиј иницијатор за формирање е вицепремиерот за економски прашања, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

„Ја крстивме „За татковината со љубов“ затоа што е токму тоа, обединување и работење за заедничка мисија а тоа е - економска благосостојба на татковината и граѓаните кои живеат во неа. Идејата зад неа е на едно место да се соберат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање... И да претставуваат советодавно тело за економски стратешки размислувања“, информираше Битиќи.

Според вицепремиерот, платформата ќе претставува своевиден тинк-тенк на државата за сите прашања поврзани со стратешкиот развој на домашната економија.

За едно деноноќие 715 пријави за неносење заштитна маска

Илустрација - Граѓани и полиција со заштитни маски за лице во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 715 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во денешното соопштение полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

И денеска протести на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на Заев

Архивска фотографија од минатонеделниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека и денеска ќе одржи протест во Скопје на кој ќе побара оставка од премиерот Зоран Заев, поради, како што велат од партијата, неговата распродажба на државните и националните интереси во актуелните случувања на релација Скопје - Софија.

Протестите ќе се одржат пред Владата, МНР и пред Министерство за правда, од 17 до 18 часот.

„Народот го крена гласот за предавствата на оваа власт, денес блокада на Влада, МНР и министерство за правда. И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара“, се вели во најавата за протестот.

Протестите на опозицијата почнаа по интервјуто на премиерот заев во кое тој кажа дека „Бугарија не е фашизам и дека имаме заедничка историја“, а по ветото од Софија за преговарачката рамка за Македонија и Европската унија. Денеска и утре има дводневен онлајн состанок на Комисијата за историски прашања на Бугарија и Македонија.

Путин нареди „масовна“ вакцинација за коронавирус од следната недела

Претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на владата следната недела да започне „масовна“ вакцинација за коронавирус, бидејќи Русија се обидува да ја зголеми достапноста и вниманието за својата вакцина Спутник-V. Наредбата на Путин, издадена вчера за време на телеконференција со медицинските институции во Министерството за одбрана, доаѓа во време на постојани прашања за ефикасноста на руската вакцина.

Историски момент: Британија прва во светот ја одобри вакцината на „БиоНТек“ и „Фајзер“

До ова дојде неколку часа откако Британија соопшти дека одобрила вакцина, изработена во заедничка американско-германска соработка, откако клиничките испитувања покажале дека е 95% ефикасна и нуди значителна заштита за постарите луѓе. Путин во август го зачуди светот објавувајќи дека владата ја одобрила првата вакцина за коронавирус во светот. Но, вакцината сè уште не била подложена на клучно тестирање во третата фаза и била дадена само на неколку десетици луѓе. Истражувачите првично објавија малку податоци во јавноста што може да бидат прегледани или испитани од независни научници. Оттогаш, неколку западни биотехнички компании објавија ветувачки, проверливи резултати, вклучувајќи ги Фајзер и БиоНтек - американско-германскиот тим кој стои зад британската вакцина.

Компанијата Модерна ќе побара итно одобрување на нивната вакцина против коронавирусот

Регулаторот на САД, Администрацијата за храна и лекови, ќе размисли за одобрување на таа вакцина на 10 декември. Водечкиот производител на вакцини во Русија, московскиот центар „Гамалеја“, поддржан од државниот фонд за суверено богатство, се залагаа да покажат дека руската вакцина е подеднакво ветувачка како и западните.

ОН: 2020 година веројатно ќе биде една од трите најтопли години

илустрација

Оваа година веројатно ќе биде една од трите најтопли, предупредија ОН, додавајќи дека постои можност до 2024 година да има привремено зголемување на температурата над прагот од 1,5 Целзиусови степени што е цел на Меѓународен договор за клима во 2015 година во Париз.
Температурата соборува рекорди од година во година, а деценијата 2011-2020 ќе остане најтопла досега забележана, со шест најтопли години од 2015 година, се вели во извештајот на Меѓународната метеоролошка организација за состојбата на глобалната клима.

Граѓаните со повисока свест од партиите за климатските промени

Од јануари до октомври, глобалната просечна температура беше околу 1,2 Целзиусови степени повисока од референтниот период 1850-1900 година, така што 2020 година ќе биде една од трите најтопли години. Се додава дека екстремната топлина, пожарите, поплавите, зголемената киселост на океаните и рекордната сезона на урагани во Атлантикот сведочат за продолжување на климатските промени. Најголем пораст на температурата има во Северна Азија, особено во сибирскиот дел на Арктикот, каде што беше потопло за повеќе од пет степени од просекот. Топлината во Сибир беше најголема на крајот на јуни, со 38,0 степени во Верхојанск на 20 јуни, што во моментов е највисока температура измерена северно од Арктичкиот круг.

САД и официјално го напуштаат Парискиот договор за климата

Сезоната на шумски пожари, која опустоши големи области на Австралија, Сибир, западниот брег на САД и Јужна Америка, беше најактивна во последните 18 години. Меѓу лошите вести е дека арктичкиот морски мраз достигна годишен минимум во септември, заземајќи го второто место за време на 42-годишното сателитско набљудување. Гренланд продолжува да ја губи ледената маса, иако побавно отколку во 2019 година. И океаните, кои складираат повеќе од 90 проценти од вишокот енергија што се акумулира во климатскиот систем на Земјата, се загреваат побрзо и побрзо во последните децении, се вели во извештајот.

Бајден сака да преговара за ирански договор

Избраниот американски претседател Џо Бајден

Избраниот американски претседател Џо Бајден изрази желба за брзо започнување нови преговори со Иран, но во консултација со сојузниците на САД, и тоа откако повторно ќе се приклучи на меѓународниот договор за нуклеарната програма. Бајден во интервју за Њујорк Тајмс го потврди ставот што го искажа за време на кампањата за претседателските избори одржани на 3 ноември во САД. Тој во колумна во септември напиша дека Соединетите држави ќе се вратат на договорот доколку Техеран строго се придржува кон обврските од тој документ. Бајден за Њујорк Тајмс изјави дека тоа е сè уште негова позиција.

Иранскиот безбедносен апарат под удар по атентатот врз нуклеарниот научник

„Најдобар начин да се постигне одредена стабилност во регионот е да се разгледа иранската нуклеарна програма. Ако Иран има атомска бомба, тогаш би се создала трка на нуклеарно вооружување на Блискиот исток и тоа е последното што ни треба на тој дел од светот", рече тој. Враќањето на договорот би значело укинување на големите санкции воведени од актуелниот американски претседател Доналд Трамп по повлекувањето од договорот. Како одговор, Иран постепено започна да се повлекува од своите обврски согласно договорот.

Геј вечера што ја ослабува моќта на Орбан

Јозеф Сајер

Откритието дека соработник близок со унгарскиот премиер Виктор Орбан бил на геј забава во Брисел, предизвика бомба во Унгарија каде што опозицијата и медиумите го осудија владиното лицемерие во кое се критикуваат ЛГБТ луѓето. Оставката на европратеникот Јозеф Сајер, столб на мнозинската партија Фидес, може да ја ослабне позицијата на Унгарија, која е во судир со Европската унија околу владеењето на правото, проценува агенцијата Франс Прес. Сајер (59) во вторникот признал дека бил на сексуална забава во центарот на Брисел, што белгиските медиуми ја опишаа како „оргии“ со околу 25 голи мажи.

Унгарски европратеник поднесе оставка по полициската рација на „сексуална забава“ во Брисел

Полицијата ја прекина забавата и ги казни присутните за непочитување на мерките воведени против коронавирусот. „Сајер донесе добра одлука“ со повлекување и извинување, објави делегацијата на Фидес во Европскиот парламент. Сепак, унгарската влада не се огласи. Независната веб-страница Телекс објави дека не ја доведува во прашање приватноста на пратениците, но укажува на проблемот со „лагите и нечесноста“. Фидес напаѓа луѓе со различна сексуална ориентација во Унгарија под изговор на „заштита на нормалноста“, додека Сајер добро се забавува на геј забава во Брисел. Патем, Сајер сака да се претстави како еден од авторите на промената на Уставот во 2011 година. Една клаузула од текстот на Уставот вели дека бракот е „заедница на маж и жена“ и дека владата сака да ги брани христијанските вредности. Друга непријатност за унгарската влада е фактот што бриселската полиција пронајде дрога во близина на Сајер и дека тој е казнет за непочитување на санитарните мерки. Тоа го нарушува моралот што го промовира Орбан, изјави опозицијата.

Директор на музеј во Унгарија го нарече Сорос либерален фирер, предизвика остри критики

„Додека политичарите на Фидес ни држат лекции за христијанството и семејните вредности, тие водат сосема поинаков живот“, рече поранешниот левичарски премиер Ференц Ѓурчањ. Фидес е постојана мета на критики од Европската народна партија (ЕПП). Многу пратеници на ЕПП претходно повикаа на исклучување на унгарската партија од европската група, бидејќи смета дека се оддалечува од нејзините политички упатства.

Почина поранешниот француски претседател Д’Естен

Поранешниот француски претседател Жискар Д'Естен

Поранешниот француски претседател Жискар Д'Естен, клучен архитект на европската интеграција во 1970-тите, почина на 94-годишна возраст. Тој почина вчера во неговиот дом во регионот Лоар-ет-Шер, во централна Франција, по компликациите поврзани со ковид-19. Познат за многу Французи едноставно како Жискар или, либералниот претседател беше шеф на државата од 1974 до 1981 година. Во Европа, тој разви блиски односи со поранешниот западен германски канцелар Хелмут Шмит и заедно ги поставија темелите на заедничката валута на еврото, поставувајќи го Европскиот монетарен систем.

Франција и Германија се за ревизија на Шенген зоната

Дома, тој беше познат по воведувањето либерални политики, особено легализирање на абортусот и развод по заедничка согласност. По поразот на претседателските избори во 1981 година од социјалистот Франсоа Митеран по последиците од глобалниот економски пад во 70-тите години на минатиот век, Жискар остана активен во центристичката политика, враќајќи го своето место во парламентот и освојувајќи ја претседателската функција во регионалниот совет на Оверн. Тој исто така служеше како европски парламентарец од 1989 до 1993 година.
Во 2004 година, откако го загуби пратеничкото место во Франција, тој ја заврши својата активна политичка кариера.

НАТО изрази загриженост за руското „воено засилување“

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Министрите за надворешни работи на НАТО го завршија дводневниот состанок што го трасира патот кон реформите во трансатлантскиот сојуз бидејќи се соочува со двојни предизвици од Русија и Кина, како и со ситуацијата во Авганистан. На состанокот, одржан преку видео-врска како претпазливост против ширењето на коронавирусот, се дискутираше за тоа како алијансата мора да се прилагоди на новите закани, вклучително и „упорно агресивната Русија“ и „подемот на Кина“. Во извештајот на експертска група на 67 страници во кој се дадени сугестиите за тоа како да се рестартира Алијансата, е забележано дека НАТО се соочуваше со една голема закана за време на Студената војна, но оти сега се соочува со двајца „системски ривали“ - Русија и Кина - заедно со „трајната закана од тероризам“.

Османи: Ние сме е рамноправен чинител во НАТО

Говорејќи пред новинарите, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека министрите разговарале за „континуираното воено натрупување на Русија во соседството на Алијансата, како и за контролата на оружјето“. Тој рече дека НАТО го прилагодува својот став за одвраќање „за решавање на дестабилизирачките активности на Русија“, но министрите се согласуваат дека тие мора да продолжат да водат дијалог со Русија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG