Достапни линкови

Турција презема воена операција против сириските владини сили


Истанбул- претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Турската војска уби триесетина сириски војници во возвратен напад откако четворица нејзини војници загинаа на позиции на северозападот на Сирија. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека воената операција е во тек и дека според нивните првични информации 30 до 35 сириски војници загинале во нападот.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, пак, соопшти дека шест сириски војници загинале.

„Одговоривме соодветно на тие напади и ќе продолжиме…Одлучни сме да продолжиме со операциите за безбедност на нашата држава, народот и границите со Идлиб. Кој се сомнева во нашата цврста решителност, наскоро ќе разбере дека тоа му е грешка“, изјави Ердоган во Истанбул.

Според договорот од 2017 година со Русија и Иран, регионот има 12 пунктови што се под надзор и неколку од нив се опкружени со сириската армија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека единиците испратени за поддршка на тие пунктови биле нападнати. Тоа се случи и покрај тоа што сириската страна беше информирана за нивниот потег, додаде Министерството

XS
SM
MD
LG