Достапни линкови

Евакуирани 83 државјани на Казахстан од Кина


Илустрација

Казахстан соопшти дека 83 државјани на земјата биле евакуирани од кинескиот град Вухан, каде за прв пат се појави коронавирусот. Според соопштението на властите, 80 од нив биле студенти. Во истиот авион, како што се наведува, биле евакуирани и државјани на Киргистан, Белорусија и Ерменија.

Казахстанското министерство за здравство пред два дена соопшти дека 41 лице во земјата се тестира дали е заразено од вирусот. Бројката на смртни случаи од коронавирусот во Кина надмина 300 луѓе, а се повеќе земји пријавуваат и први случаи на заболени од инфекцијата.

XS
SM
MD
LG