Достапни линкови

Српската опозиција ќе ги бојкотира изборите


Протестната прошетка на српската опозиција по усвојување на декларацијата за бојкот на изборите

Српските опозициски партиии донесоа одлука за бојкот на пролетните парламентарни и локални избори во земјата. Коалицијата Сојуз за Србија и други партии меѓу кои и Движењето на слободни граѓани синоќа во Комбанк Арена во Белград усвоија Декларација во која се обврзуваат дека „секој обид за формирање влада заснована врз резултатите од лажните избори ќе се смета за чин на соборување на уставниот поредок“.

Во декларацијата се наведува и дека таквата власт ќе ја сметаат за нелегитимна и ќе се борат со секаков вид на отпор и граѓанска непослушност.

„Ние им ветуваме на граѓаните дека Србија ќе добие слободни и фер избори и ние тоа ќе го исполниме. Одиме во бојкот. Во бојкот за Србија“, се заклучува во Декларацијата.

По собирот, присутните се упатија на протестната прошетка на плоштадот „Никола Пашиќ“ па се до зградата на РТС.

XS
SM
MD
LG