Достапни линкови

Шефот за надворешна политика на ЕУ во посета на Иран


Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел утре ќе го посети Иран каде ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на земјата Мохамед Џавад Зариф. На посетата на Борел се гледа како на последен обид на ЕУ да го спаси нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили. Американскиот претседател Доналд Трамп во мај, 2018 година се повлече од договорот и воведе санкции врз Иран. Останатите потписнички Британија, Франција, Германија, Кина и Русија се залагаат за зачувување на договорот.

Иран тврди дека го почитува нуклеарниот договор од 2015 година

По убиството на генералот Касем Солејмани, Иран соопшти дека нема повеќе да ги почитува обврските за ограничување на збогатувањето ураниум. Борел се сретна со Зариф на маргините на конференција во Индија на 16 јануари и му порача дека договорот е поважен од било кога со оглед на зголемените тензии на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG