Достапни линкови

Палестина ги прекинува врските со Израел и САД


Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска најави дека ќе ги прекине сите врски со Израел и САД и го отфрли мировниот план за Блискиот Исток. Тој изјави дека предлогот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претставува прекршување на договорите меѓу Израел и Палестинците постигнати во Осло во 1993 година.

„Никогаш нема да го прифатам ова решение. Нема да биде забележано во мојата историја дека го продадов Ерусалим“, рече Абас за време на посетата на Каиро.

Студени реакции на планот на Трамп за Блискиот Исток

Мировниот план на САД кој беше објавен на 28 јануари предвидува израелска анексија на сите населби во Западен Брег, при што повеќето од нив се сметаат за нелегални од меѓународната заедница. Според планот, на Палестинците ќе им се даде ограничен суверенитет во Газа и на некои парцели на Западниот Брег, како и некои населби на периферијата на Ерусалим. Израел ќе ги контролира сите меѓународни граници и воздушниот простор и ќе има целосна одговорност за безбедноста. Со тоа би се укинало и правото на враќање на Палестинците раселени од војната во 1948 година и нивните потомци, што претставува нивно клучно барање.

Министрите за надворешни работи на земјите од Арпаската лига се состанаа во Каиро на разговори околу американскиот предлог, на барање на Палестинците.

XS
SM
MD
LG