Достапни линкови

Дијалог во рамки на процесот „Жан Моне“ во Собранието


Собрание на Република Северна Македонија

Третиот дијалог во рамки на „Жан Моне“ процесот во Собранието денеска завршува со заклучоци и препораки за следните чекори во врска со измените на Деловникот за работа на законодавниот дом. На средбата присуствуваат, тројцата европратеници Илхан Ќучук, постојан известител за земјава во ЕП, Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и Марион Валсман, потпретседател на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собранискиот деловник ќе се усогласува во рамки на процесот Жан Моне

Тројцата европратеници имаа работна вечера со лидерите на политичките партии СДСМ Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДПА Мендух Тачи, на ДУИ Али Ахмети, на АА Зијадин Села, на БЕСА Биљал Касами и на Алтернатива Африм Гаши.

Првите две средби во рамки на Жан Моне дијалогот се одржаа во Охрид и во Скопје со европратениците од минатиот состав на ЕП Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

XS
SM
MD
LG