Достапни линкови

Захариева:Новата методологија не треба да го спречи проширувањето на ЕУ


Новата методологија не треба да го спречува процесот на проширување на Европската Унија и почнувањето преговори за членство со Македонија и Албанија, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Таа по средбата со нејзиниот турски колега, истакна дека веќе е разгледана новата медотологија, но за деталите ќе треба да се почека одлуката на Евроспската комисија, што ќе биде објавена на 5 февруари.

„Преговорите и одобрувањето на новата методологија не треба да бидат причина за запирање на тековните процеси, како што е започнување преговори со Северна Македонија и Албанија, подвлече Захариева.

Советот во ЕУ во октомври 2019 година не донесе одлука да се почнат преговори со двете земји, поради противењето на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ги обврза преговорите со реформа на Унијата и изработување нова методологија.

XS
SM
MD
LG