Достапни линкови

ДИК ги отфрли барањата на дополнителната министерка за финансии


Државната изборна комисија ги отфрли барањата на дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска. Членовите на Комисијата констатираа дека не се надлежни да преземат било што ако не е поврзано со изборите. Тие денеска расправаа за унапредување на одредени административни служебници потпишани на трети јануари, денот кога е избрана техничката влада.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски на расправата истакна дека покрај аргументите од неговите колеги, има уште еден процедурален аргумент – датумот на носење на ова решение е трети јануари 2020. Образложи дека тоа е датум кога се избра техничката Влада и истиот ден дополнителните заменици-министри не беа стапени на функција.

XS
SM
MD
LG