Достапни линкови

Двајца заболени од коронавирус во Русија


Русија- лабораторија за утврдување на коронавирус

Заменик премиерката на Русија Татјана Голикова соопшти дека првите два случаи на коронавирус денеска се потврдени во нивната земја.

Зборувајќи пред новинарите Голикова кажа дека двајцата инфецирани се кинески државјани, еден во Трансбајкалскиот регион и во регионот Тујмен. Двете се жени и се ставени во карантин, таа. Најмалку 213 луѓе во Кина досега починаа од коронавирусот, а околу 10 000 се разболеа.

Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба на глобално ниво наведувајќи дека има 98 случаи на коронавирус надвор од Кина но ниту еден починат.

XS
SM
MD
LG