Достапни линкови

Судот на ЕУ се прогласи за ненадлежен за спорот Љубљана-Загреб


Илустрација

Судот на Европската Унија во Луксембург денеска се прогласи за ненадлежен во однос на словенечката тужба против Хрватска поради наводно повредување на европското право, предизвикано од неспроведувањето на арбитражната одлука за границата.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека денешната пресуда на Судот на ЕУ за ненадлежност по однос на словенечката тужба претставува победа на хрватските аргументи изнесени во приговорот до таа институција. Пленковиќ повторно ја повика Словенија на дијалог и билатерални преговори за да се дојде до взаемно прифатливо и трајно решение за прашањето на границата. Со оваа одлука Судот го прифати хрватскиот приговор за ненадлежност и постапката автоматски запира. Одлуките на Судот на ЕУ се конечни и без право на жалба.

Словенија почна постапка против Хрватска врз основа на член 259 од Договорот за функционирање на ЕУ и побара Судот на ЕУ да утврди дали Хрватска ги прекршува членовите 2 и 4 од Договорот, кои се однесуваат на почитување на владеење на правото и лојална соработка меѓу државите членки на Унијата.

XS
SM
MD
LG