Достапни линкови

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија


Илустрација- вакцина против грип

Во текот на изминатата недела (од 20 јануари до 26 јануари) во државава се регистрирани 1.600 заболени од грип, што е зголемување за 45,5 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.100 заболени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем број случаи (954) се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 200,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (286), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Подрачната единица Дебар (428,8 на 100.000 жители) со 119 пријавени случаи

XS
SM
MD
LG