Достапни линкови

Попмео во Киев со поддршка на украинските политичари


Украина- Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Украина, 31.01.2020

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со други украински политичари. Вашингтон изгледа како да се обидува да се врати во Украина која се бори со сепаратистите поддржани од Русија во украинските региони Донетск и Луганск.

Помпео на социјалната мрежа Твитер напиша дека американската поддршка за Украина е цврста и дека тоа планира да го нагласи на средбите со политичарите. Со нив, напиша Помпео, ќе дискутира и како да го надградат стратегиското партнерство и да ја подобрат позицијата на Украина како демократска држава.

Посетата доаѓа и во време на импичментот за американскиот претседател Доналд Трамп кого демократите го обвинуваат дека се обидел да изврши притисок врз Украина да се меша во изборите во 2020 година за да му помогне да победи, а потоа да ја спречил истрагата, блокирајќи сведоци и недавајќи документи до Претставничкиот дом.

XS
SM
MD
LG